Real Estate Skopje, Macedonia

News

Check out market updates

Luksuzen kompleks

Luksuzen kompleks

Луксузен станбен комплекс во скопското село Орман

Нов комплекс „Верина“ од станбени згради, со езерца, водопад, базен, парк, пикник простор, детско игралиште, билијард-клуб и фитнес-центар опремен со сауна и турска бања.се наоѓа во непосредна близина на скопската обиколница на атрактивна локација во Орман и се очекува да биде готов на пролет.

Комплексот е изграден на 30.000 квадратни метри, составен е од седум станбени објекти, во завршна фаза од градбата со вкупно 58 луксузни станови со површина од 170 и 210 метри квадратни. Официјалното пуштање во употреба се очекува на пролет.

„Се работи за посебен концепт на организирано живеење што ќе ги олесни секојдневните обврски на лицата што ќе живеат во комплексот. Становите се со пристапна цена и одличен квалитет“, вели инвеститорот Благоја Николовски.

Во рамки на комплексот ќе работи и супермаркет. Сите објекти се опремени со панорамски лифт, а становите се распоредени по два на еден кат и се целосно одвоени, односно немаат заеднички ѕидови. Секој стан има поглед кон езерото и сопствен систем за греење и ладење, како и паркинг-простор.

 

 

Please follow and like us:
50

Leave a Reply

Your email address will not be published.