Real Estate Skopje, Macedonia

News

Check out market updates

Marketing na nedvizen imot

Marketing na nedvizen imot

Зошто професионалните агенции за недвижности користат професионални фотографии за имотите?

Професионалните фотографии од имоти привлекуваат повеќе внимание на Вашиот листинг, што резултира со повеќе кликови од страна на потенцијалните купувачи и зголемување на можностите за наоѓање на вистинскиот купувач или закупувач.

Анализите покажуваат дека имотите за кои се користеле професионални фотографии биле побрзо продадени, за разлика од оние кои биле презентирани со аматерски фотографии.

Доколку нудите луксузен имот мора да посветите внимание на неговата презентација. Професионалната фотографија Ви овозможува да се издвоите од конкуренцијата.

Професионалната фотографија треба да стане дел од Вашиот бренд. За да ја зголемите продажбата на Вашите имоти мора да понудите маркетинг портфолио кое ќе ги заинтересира потенцијалните клиенти. За сопствениците, имотите претставуваат голема инвестиција и затоа сакаат нивниот имот да добие најдобар маркетинг. Од таа причина ќе се одлучат истиот да биде презентиран професионално затоа што знаат дека тоа ќе ја зголеми можноста побрзо да го продадат.

Голем дел од Вашите клиенти Ве контактирале благодарение на добрата препорака. Доколку им овозможите професионален третман на постоечките клиенти, тие ќе Ви донесат уште повеќе клиенти.

Но, за професионални фотографии, потребни Ви се професионален апарат и тон опрема за истиот, потребно Ви е искуство во фотографирањето и обработка на фотографиите, познавање на софтверот за обработка и најважното, ВРЕМЕ.

Со најмување на професионален фотограф Вие единствено ќе треба само да ги поставите фоторгафиите на Вашате веб-страна. Имено, тој ќе го посвети потребното време и внимание на фотографирањето на имотите и на нивната обработка.

Одете и чекор понатаму и вклучете и видео маркетинг на имотите кои ги нудите. Потенцијаните купувачи на тој начин ќе го разгледаат имотот и лесно ќе се одлучат да го купат или изнајмат доколку ги задоволува нивните барања.

Сето ова Ви заштедува значително време и сретства Вам, а и на Вашите клиенти, за што ќе бидат навистина задоволни и благодарни, а со тоа и Вашиот бизнис ќе се движи во посакуваната насока.

Во соработка со професионалци од долгогодишно искуство со недвижности, од областите на маркетинг, фотографија, видео едитинг и монтажа, создадовме тим кој ќе ви овозможи да ги презентирате Вашите имоти на најдобар можен начин, во целост и професионално.

Професионалнен маркетинг на Вашите имоти…

Пакетот се состои од:

  • Професионално фотографирање на имотот
  • Изработка на видео презентација со вашето лого
  • Account за Вашата агенција помеѓу Luxury Brokers на www.luxurypropertiesnetwork.com
  • Поставување на фотографиите и видеото на www.luxurypropertiesnetwork.com
  • Поставување на видеото на www.youtube.com
  • Претставување на понудата на facebook страната на Luxury Properties Network

Со овој пакет, голем број луѓе ќе ги погледнат Вашите имоти, претставени во вистинско светло преку одлични фотографии и видео презентација и притоа се креира препознатлив бренд за Вашата агенција.

Според потребите и барањето на клиентите возможни се и дополнителни маркетинг стратегии, се со цел зголемена продажба или закуп на Вашите имоти.

Секако овој маркетинг пакет наменет е и за сопствениците, кои сакаат квалитетно да го презентираат својот имот на пазарот на недвижности, а со тоа и побрзо да го продадат или издадат под закуп на вистинските луѓе.

Оваа единствена понуда Ви е достапна по изненадувачки ниска цена!

За да се договориме, без двоумење веднаш контактирајте не на нашата електронска пошта: info@luxurypropertiesnetwork.com

Please follow and like us:
50

Leave a Reply